Спектакуларна изведба на „Перпетум Џезиле“ на сцената на Филхармонија

Сцената на македонската Филхармонија, вчеравечер беше како бродска платформа на која атрактивниот словенечки вокален оркестар „Перпетум Џезиле“ направи незаборавно патување низ децениите на светската музичка сцена со изведба на дваесетина антологиски песни. Патувањето како низ времеплов, со симулирање на звук од пребарувач на радио станици, и одлична сценска и светлосна поставеност, на многубројната публика и емитираше позитивни „сигнали“ од познатите композиции на „АБА“, „Пинк Флојд“, „Ван Хален“, „Тото“, „Синди Лопер“, потоа познати француски шансони, до прошетка низ хитови од соседството „Јело Јелено“, „Пусти пусти моду“.

Триесет исклучителни машки и женски вокали кои се чини се синхронизирани во врвно единство на несекојдневен призведувач на звук, софистицирано ја исполнија сцената со вибрации на кои публиката не оддолеа и стана на нозе да ги поздрави со гласен аплауз речиси по секоја песна.

„Перпетум Џезиле“ на средина од концертот сцената ја отстапија на пијанистката Ема Ананиевска, која ги руши предрасудите, и која уште еднаш покажа дека владее беспрекорно со инструментот. Таа на новогодишниот гала-настан на Македонски Телеком екклузивно jа изведе композицијата специјално креирана за новогодишната кампања на Македонски Телекомпредизвикувајќи овации кај публиката, истовремено испраќајки порака дека денес благодарение на  технологијатаможат да се остварат соништата.

По настапот на Ананиевска, „Перпетум Џезиле“ концертот го водеа кон кулминација со изведба на „Јовано Јованке“ која ја испеаа заедно со публиката.

„Перпетум Џезиле“ не случјано го носат епитетот на светска музичка атракција која ги обединува музиките култури а воедно и музичките правци- од капела, боса нова, рок, меинстрим и сето тоа со оригинален концепт го пренесуваат овие врвни вокални професионалци. Севкупната реализација на овој концерт професионално поддржана од озвучувачите и светло мајсторите направија светска атмосфера која долго ќе се памети. Од „вокалното радио“ шармантно беа упатени честитки за престојната нова година.


Овој концерт беше организиран од страна на МакедонскиТелеком, кој секоја година на уникатен начин го одбележува крајот на годината заедно со своите блиски соработници, деловни партнери и пријатели. Иако ваквите настани се реткост во нашата земја, сепак тие ни даваат до знаење дека музиката го прави животот поубав и барем на една вечер не’ потсетуваат на вистинските културни вредности.