Со овој мал трик ќе го продолжите животот на овошјето и зеленчукот во вашиот фрижидер

Ако вашите домати и краставици станаа меки или почнаа да скапуваат, тогаш е време за ова тајно оружје

Во нашето динамично живеење не секоја жена може да си дозволи луксуз секој ден да оди во продавница за да купи свежо овошје и зеленчук.

Најчесто, купуваме намирници еднаш неделно, трудејќи се да ги имаме сите резерви што ни се потребни. За жал, доста често ја губат својата свежина до третиот ден.


Да ве спасиме од овој мал проблем, денес ќе споделиме со вас мал трик што ќе го продолжи рокот на траење на овошјето и зеленчукот.

Прекумерната влага во фрижидер има штетен ефект врз повеќето свежи производи. Ако вашите домати или краставици станаа меки или почнаа да скапуваат, тогаш е време за ова тајно оружје. И тоа се нарекува сунѓер за миење садови.

Земете нов сунѓер со средна големина и ставете го на една од полиците во фрижидерот. Многу брзо ќе ја апсорбира влагата и вашиот зеленчук и овошје ќе останат свежи подолго време.

Запомнете да го вадите сунѓерот  периодично за да ја исцедите водата и исушете го добро.

Секогаш е добро да имате друг сунѓер при рака да го ставите него во фрижидер додека првиот се исуши убаво.