Со години се веруваше дека приказните се вистина: Но, ова е најголемата заблуда за врската на Цеца и Аркан! ШОК ПРИКАЗНА!

Жељко Ражнатовиќ Аркан и Цеца ги спои пејачот Оливер Мандиќ, ангажирајќи го Џеј Рамадановски и неа да пеат на прославата на Српската доброволна гарда. Тааистакнува дека се уште се сеќава колку тогаш имала трема.
- Да не се лажеме, тоа беше љубов на прв поглед, нормално. Ужасно се плашев од него и не ми беше симпатичен. Читав многу за него и имав искривена слика за него. Имав голем трепет кога требаше да пеам со Џеј, за Денот на гардата - изјави Цеца гостувајќи во „Максовизија“ во 1996 година.
Кобниот момент се случил на 2 ноември 1993 година во хотелот Интерконтинентал. Многупати една од најпознатите Балкански пејачки потенцираше дека љубовта меѓу нив се случила на прв поглед.
Сепак, иако поминаа децении откако Цеца ја носеше кратка коса, оваа нејзина фризура е причина за гласини кои се уште се поврзуваат со Аркан. Имено, се шпекулираше дека токму тој и ја скратил косата и ја ошишал на кец.
Слушнав дека сум ја истрижал косата на Цеца. Од тие пејачи ги познавав покојниот Тома Здравковиќ и Лепа Лукиќ, а Цеца никогаш не ја слушнав како пее, ниту пак ја видов во живо. Кога дојде, ми ја претставија како девојката што сум ја ошишал. Така се запознавме – изјави тогаш Аркан.
Но Цеца не се согласи целосно со него.
Не беше така, вака беше: „Дајте да ја запознаам таа девојка Цеца“, и додаде: „Навистина ми е драго што запознав девојката што на која и ја шишам косата веќе една година, а јас не не ја ни познавам“. Таму се онесвестив. Слушнав за тоа фамозно шишање, беше страшно. Па ме прашуваа сите дали носам перика - рекла Цеца.
Извор: Пинк,рс
Фото: Принтскрин