Славниот актер е вљубен во Србинката, Сандра: Поради неа тој стана православен, ги отпиша мајка си и сестра си и инсистира неговите деца да учат српски

Љубовта на холивудскиот актер Кристијан Бејл и убавата Србинка Сиби Блажиќ е слична на оние кои ги гледаме на филмското платно. Нивната приказна е една од најпознатите од Холивуд, а тој е меѓу најпознатите зетови на Балканот. Интересно е што него и неговата сакана ги запознала  актерката Винона Рајдер.

Многумина не знаат дека Кристијан Бејл својот успех во Холивуд и го должи на сопругата Сиба Блажиќ, која во секое време била покрај него и му помогнала да стане она што е денес. Оваа позната двојка ја следи светската јавност, а ни е интересна и поради фактот што Сиби Блажиќ има потекло од Балканот, односно од Србија. Поради неа холивудскиот актер ја промени одлуката дека никогаш нема да се ожени. 

„Сите во моето семејство беа разведени, така што немав многу здрави идеи за брак. Потоа ја запознав Сиби и одеднаш ми изгледаше како фантастична идеја“, изјавил во една прилика тој, пренесува news.amomama.com.

Одлуката да се венчаат беше повеќе од добар потег, нивниот брак се одвива без ниту еден скандал, кој не е често на јавната сцена. Идилата донекаде ја вознемири приказната дека Бејл наводно го прекинал контактот со мајка си поради Сиби бидејќи таа и сестрата на актерот не ја поддржувале неговата врска со познатата бринета. 

Која всушност е Сиби Блажиќ?

Таа е актерка, шминкерка, поранешна манекенка и каскадерка. Дипломирала на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Во 1990-тите, таа работела како асистент на Винона Рајдер. Нејзиниот сопруг еднаш изјави дека е воодушевен од нејзините каскадерски вештини. Најпозната е по филмовите „Ford v Ferrari“, „The Dark Knight Rises“ и „George of the Jungle“. 

Сиби е родена во 1970 година во Чикаго. Нејзините родители Слободан Блажиќ и Надежда Топалски се од Белград, а пред да се преселат во САД се венчале на Врачар, пишува news.amomama.com, кој пишува дека Бејл и неговата сопруга се запознале во деведесеттите додека таа работела како помошник на Винона Рајдер.

По средбата со Сиби, чие вистинско име е Сандра Блажиќ, Кристијан Бејл ја прифатил православната вера. Пред 18 години ја добија ќерката Емелин, а во 2019 година синот Џозеф. На актерот му било важно децата да го знаат и српскиот јазик. 

- Мојата сопруга е неверојатно силна жена. Јака и силна, не трпи никакви глупости и затоа ја сакам. Како ќе се однесувам дома многу зависи од улогата за која се подготвувам, но на мојата Сиба тоа ѝ се допаѓа. Тоа може да го гледате на два начина- од една страна некој би рекол „кутра жена, сигурно не и е лесно да се справи со тоа“, а од друга страна можете да и завидите и да кажете „каква среќна девојка, таа може да биде со толку многу различни „машки“ личности во исто време, изјави еднаш актерот.

Имено, љубовната приказна на холивудскиот шмекер Кристијан Бељл не‘ потсетува дека треба да бидеме само со вистински џентлмени и ништо помалку! Поради неговата сопруга Сандра Сиби Блажиќ, тој до ден денес не разговара со сестра му и мајка му. 

Иако хармоничните семејни односи се нешто кон кое сите се стремиме, Кријстијан со години не разговара со најблиските луѓе од семејството, бидејќи не може да го преболи нивното ужасно однесување кон неговата сопруга!

Како што пренесуваат странските медиуми, Бејл во 2008 година буквално физички ги исфрлил сестра си и мајка си од хотелската соба во која престојувал, бидејќи лошо зборувале за Сандра. 


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: женаблиц