Skopje Fancy Women Bike Ride: Градот без жени не го бива

Жени, мајки, сестри, баби, пријателки, кралици, Ве покануваме на една поинаква дружба. Да го направиме денот поубав. 

На 22 септември, денот резервиран за ден без автомобили, понесете ги насмевките на Вашите лица, не двоумете се да ги обуете Вашите 11cm штикли, фенси фустани и мини сукњи, извадете ги заборавените шешири и со точак, кој исто така не е на одмет да го украсите по Ваша волја, да се најдеме пред фонтана во Парк и да покажеже дека градот без нас жените не го бива. 

На 22ри септември наместо нашиот град да мириса на издувни гасови од колите нека замириса на нашите парфеми. Нека замириса на нас жените. Слободно понесете пријателка или роднина. Градот на 22ри ќе биде најубав затоа што ние ќе го направиме таков.
Оваа година во 100 града низ светот на ист ден, ние жените ќе покажеме дека сме полово, умствено и интелектуално рамноправни, а велосипедот само може да помогне во остварување на целта. Возењето велосипед е моќен начин жените да бидат приметени во општеството и со него на сосема поинаков начин можеме да се поврземе со градот.

Земи учество во настанов и биди дел од промената кон подобро.

И да, мажи слободно можете да ни се приклучите, бидете до нас, не пред нас и покажете дека не поддржувате. И за Вас важи истото, во dress cod-от не спаѓа спортска облека. Ве чекаме дотерани.

Котизации и слични издатоци нема.

Секој си е одговорен сам за својата безбедност.