Сите очи вперени кон Рене Зелвегер: Оскаровката игра сигурно на црвениот килим

Главна фаворитка на годинашното доделување на Оскарите во категоријата „Најдобра актерка“ е Рене Зелвегер, докажаната глумица која во кариерата веќе освои едно „златно човече“ во 2004 година за филмот Cold Mountain.

Овојпат ја воодушеви публиката, но и критиката со улогата во биографскиот филм за Џуди Гарланд и според многумина навистина ќе биде чудо ако токму таа не ја добие престижната филмска награда.

Што ќе носи Зелвегер на црвениот килим се’ уште не е познато, но речиси е сигурно дека ќе остане верна на Каролина Херера. Во продолжение ви ги нудиме нејзините пет највпечатливи модни изданија на Оскарите.

Во 2005 година блесна во тесен црвен фустан, дизајн на Каролина Херера, а комбинацијата беше особено драматична со нејзината темна коса.

Црвено носеше и во 2003 година, исто така креација на Херера. Овој фустан и денеска го вбројуваат во еден од најдобрите оскаровски изданија.

Пред седум години Зелвегер се појави на црвениот килим во златен фустан.

Во преубав фустан на Каролина Херера блесна и во 2008 година.

Совршениот бел фустан со впечатлива панделка го носеше во 2004 година кога и го освои првиот Оскар. И овојпат победничкиот стајлинг беше дело на Каролина Херера.