Сите беа против нивната љубов освен таа: Која е ќерката на Бриџит Макрон?

Освен што е десна рака на првата дама, најмладата ќерка ја брани својата мајка во секоја ситуација. Најгласна беше кога јавноста ја коментираше 24-годишната разлика помеѓу нејзината мајка и нејзиниот очув. Сигурна дека станува збор за вистинска љубов, Тифен не се грижи за негативните мислења, бидејќи се восхитува на нејзината мајка Бриџит.

Тифен Аузиер има 34 години и е најмладата ќерка на француската прва дама, Бриџит Макрон. Таа е адвокат и една од погласните застапници на политиката на нејзиниот очув, кој е шест години постар од неа. Иако нејзината мајка баш поради Емануел Макрон го остави нејзиниот вистински татко, се чини дека нејзините деца за тоа не и замеруваат.

„Не сакам да им придавам значење на љубоморните испади на луѓето, но навистина ми е неверојатно дека во Франција во 21-ви век зборуваме за такви работи. Вакво нешто не би било чудно ако мажот е постар, па мислам дека ова воопшто не е соодветно ", изјави Тифен откако нејзината мајка стана прва дама.

Покрај тоа што ја дава својата поддршка во сè, таа е неверојатно слична со својата мајка, и и го копира и модниот стил.

Згодната Тифен е лојална на едноставните парчиња, и како и својата мајка обожава тесни фармерки. „Помалку е повеќе", е мотото на кое тие се верни. 

Кога љубовта на нејзината мајка Бриџит и претседателот на Франција дојдоа до највисоки критики, нејзината ќерка беше многу сигурна дека тоа секогаш била вистинска љубов. Францускиот претседател и неговата сопруга Бриџит предизвикаа скандал кога се заљубија: тој имаше 16 години, а таа 40 и му беше професорка, но нивната врска беше посилна од општествените предрасуди.

„Ако морам да опишам како изгледа мојата визија за вистинска љубов, тогаш тоа ќе бидат Емануел и мама. Кога се заедно, за нив не постои ништо друго ", вели Тифан Аузиер која со својот партнер, гастроентерологот Антоан Шотеаум има две деца - три годишната Елиза и 18-месеченниот Ауреус.

Неодамна, Тифен се појави на свечениот прием на францускиот фудбалски тим кој освои злато на Светското првенство во Русија. Носеше црвен комбинезон со деколте, додека нејзината сестра Лоренс (41) беше во комбинација со темно сина боја.