Актуелно // Жолта минута
Синот на Брена меси леб и вапсува јајца! Виктор Живојиновиќ покажа што умее во кујната, следбениците се воодушевени гледајќи го ОВА!

Синот на пејачката Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ на својот Инстаграм профил покажа како изгледаат подготовките за Велигден во нивниот дом.
Познато е дека во домот на Брена мажите се главни во кујната, па така е и за Велигден.
Виктор и неговата девојка биле задолжени за украсување и бојадисување на јајцата, а се одлучиле за светло црвена боја и посебна техника за јајцата да бидат што повпечатливи и естетски интересни.
Покрај јајцата, Виктор замесил домашен леб, кој бил толку голем што зафаќал речиси половина од масата, а додека Виктор работел напорно во кујната, Боба Живојиновиќ, таткото на Виктор, се опуштил и уживал во дневната соба, гледајќи го синот како го пронаоѓа патот во кујната.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs