Си ја знаеше бојата уште кога дојде: Кокев откри како Атиџе ќе се појави на Оскарите

Тања Кокев која ќе се погрижи за стајлингот на екипата на „Медена земја“ на оскаровската ноќ, во своето ателје вчера ја прими и ѕвездата на документарецот, Атиџе Муратова. Популарната македонска дизајнерка е фасцинирана од Атиџе. Вели дека само во една средба таа ѝ кажала десет мудрости и конечно откри во какво издание последната одгледувачка на диви пчели ќе блесне на холивудскиот килим.

- Атиџе е жена прекрасница, една во милион. Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа. Ние не сме тие кои треба на таа скромност да ѝ кажуваме како да прошета на Оскарите. Таа си ја знаеше бојата уште пред да ѝ го отвориме каталогот. Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме бидејќи не гледаме потреба за такво нешто. Ќе ја испратиме на Оскари скромна, убава, дотерана, онака како таа ќе се чуствува најпријатно - им откри Кокев на бројните фанови на Атиџе.