Што треба да направите кога детето ве лаже?

Експертите одговараат што треба да направите кога ќе забележите дека детето ве лаже 

Одговараат дека децата лажат и на две години, а дете на 6 години секој час кажува по една лага. Но, вистината е дека лажењето е знак на креативност и интелигенција. 

Ако детето ве лаже, не се лутете, туку свртете ја работата на шега. Некои деца лажат за да се подготват за некој поголем предизвик. 

Имајте позитивен став и кажете му на детето дека нема да се лутите, туку сакате да знаете зошто лаже. 

Детето може да лаже затоа што се плаши од вашата реакција и затоа имајте емпатија. Според експертите, децата може да лажат за да ги тестираат родителите. Ако детето ве лаже и тоа го знаете, можете да бидете и „пасивни“.