Шилегов: Нема да даваме наши пари за Дино Мерлин

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов реагираше на информацијата дека Дино Мерлин ќе биде платен 100.000 евра за новогодишниот настап на скопскиот плоштад со потсетувањe до јавноста дека за сараевскиот изведувач нема да се дадат буџетски пари.

Според „курир.рс“, Мерлин за 100.000 евра ќе ги забавува скопјани и тој ќе го добие најскапоплатениот хонорар за новогодишната ноќ од сите бакански ѕвезди заедно со Здравко Чолиќ.

Кога беше официјално најавено кој ќе ги забавува скопјани за новогодишната ноќ, од градот потенцираа дека целата сума за хонорарот на Мерлин, ќе биде платена од спонзори.

Што порача Шилегов, прочитајте на ФАКТОР.МК