Сестра ми беше болна од рак, а за мене мислеа дека сум анорексична: Данијела Мартиновиќ ја отвори душата

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ одлучи да го открие своето непознато лице и за прв пат во кариерата ја покажа својата духовна страна. На една конференција во Загреб, Данијела раскажа за страдањата низ кои поминувала со години. 

По конференцијата, пејачката одржа духовно предавање во црквата Свети Фране во Загреб, со наслов „По патот на една молитва“. На конференцијата, Данијела открила како ја преживеала болеста на сестра ѝ и за болката која ја криела од јавноста.

Данијела со сестра ѝ Изабела 

„ Кога бевме средно училиште, на сестра ми ѝ дијагностицираа рак на лимфните жлезди. Навистина беше многу тешко и со години таа болка ја криев од јавноста“, рекла пејачката. Сетрата Изабала, денес е здрава и се занимава со музика. Таа беше последната пејачка на сплитската група „Стјене“ а сега гради соло кариера. 

„Имаше ситуации кога додека сестра ми беше болна, јас многу губев на тежина, поради стрес. Медиумите ме нарекуваа анорексична, луѓето зборуваа дека и јас сум болна и имаше напади од сите страни. А јас молчев и сега си велам: неверојатно е сето она што човек може да го издржи. Јас можеби од надвор изгледам нежна, но внатре сум силна“, раскажала шарматната пејачка.

На предаваењто во црквата, таа октрила дека е посветена на својата духовност која ѝ го олеснува животниот пат. 

За да го издржи тешкиот период, Данијела заминала на предавања за духовен развој во Непал. „Првите три дена таму бев во неверојатен страв. Не ја познавав културата, луѓето“,  вели Данијела која станала тета-практичар. Тета исцелувањето е вештина со помош на која инструкторот може да ги лекува луѓето.