Сергеј Трифуновиќ задржан во болница

Со интервенција на Брзата помош, познатиот актер Сергеј Трифуновиќ е пренесен во Институтот за кардио-васкуларни болести каде е задржан на понатамошно лекување, пренесуваат српските медиуми.

На Трифуновиќ му се слошило само неколку минути по почетокот на претставата „Воз“ во Театарот за млади во Нови Сад. Претставата моралo да биде откажана. Еден дел од фановите во публиката останале да седат во салата мислејќи дека се работи за невкусна шега.