Селебрити ту би

In the Future everybody will be famous for 15 minutes.

Andy Warhol

Дали сега ни е доволно јасно што сакал да каже чичко Енди на времето? Свеста ни е сведена на ниво на фикуси, што гледаат во социјалните медиуми како во сонце.

Пред два дена имав ситуација каде што некоја несреќа, што троши кислород за џабе, отворила лажен профил на саат време, доволно за да ми прати интимна порака во инбокс дека што и да направам сум грда.

Моето прашање, на страна од фрустациите што ги гаиш, бидејќи сега сум убедена дека и ме читаш, е колку ли ти жено имаш слободно време во твојот живот!? Пошто јас знам дека сум си прелепотица, него со тебе и таквите како тебе што правиме? И како го имаш постигнато тоа слободно време, давај рецептата, сакам и јас!

Бидејќи здраворазумна личност со исполнето време и јасна цел во сопствениот живот, нема време за такви злокобни активации, на страна од тоа што нема ни потреба нели.

Нејсе, од мене до тебе едно огромно Благодарам, официјално влегов во листата на локални селебрити, сега може да си умрам на раат.

Молба, до сите вас што сте присутни во мојов живот, и што на некаков начин, барем еден посто влијаам на вашиот живот, немојте да го следите она што не го сакате. Не си го трошете времето на злоба и идиотизам, најдете нешто што ве прави среќни, нешто што ви се допаѓа, што ве исполнува, ве менува, ве тера да размислите, ве потикнува да растете, и следете го тоа нешто со сето ваше слободно време.

Една работа што премногу ми пречи во современово доба на моментален селебритизам и инфлуенсерство е потрочувачката на време. Додека листаме слики на сториња, додека броиме лајкови, време тече оп стоп, и назад нема. Во реалноста сме усрани од последиците на потезите, па се криеме позади лажни профили. Дури и за комплименти, почнав се повеќе комплименти да добивам од лажни и скриени профили. Дечки бе па сакам комплименти, не се плашете, ок е. Свесна сум дека инстаграм е новиот подводаџија на современото доба, да не ни е инста нема ќорав дејт да видиме, ама па мајку му дајте бар комплиментите нека се од вистинската ваша слика.

Додека се трошиме виртуелно, времето ни минува реално. Време кое нема да го вратиме. Време изгубено, што може да биде вистински бакнеж, вистински оргазам, вистинска прошетка, ручек, кафе, разговор, допир, мирис…

Па така, мој апел до сите вас незнани и знани, после поминати три месеци на крвопроличе од работа, после поминат пола континент, после дијагностицирани седум нови состојби на моево здравје, Ве Молам, не ми го давајте вашето време на мене, доколку не ме сакате. Ве молам потрошете си ги минутите на нешто конструктивно, нешто што ве исполнува, прочитајте некоја книга, прошетајте на шопинг, помањачете некој што ви е убав, што ве мотивира.. Не ми се давајте бе ако не ме сакате, не ви требам. За вас ми е, греота сте.

А за сите вас што се сакаме, дечки многу е тешко денес, знам. Очекувањата се огромни, прво самите од себе, а понатаму од сите околу нас. Во момент кога се ни е достапно, единствено нешто што го губиме со текот на времето е довербата еден во друг. И се оставаме сами. Се одземав изминативе три месеци, следните три ќе ми бидат уште потешки. Ама така се расте, така се созрева и развива. Единствено жалам што се уште не можам доволно да си го организирам времето за да им го дадам повеќе на оние без кои не сакам. За догледен период ќе ги предадам социјалниве медиуми на друг, мене не ми значат ништо. Но, ќе останам во некаква верзија за вас што ве сакам, и знам дека ви менува се што ќе видите или прочитате од мене. Ви менува на подобро, од моја сте, не можеме и не сакаме да живееме во застојани мочуришта, ни треба промена, ни треба развој, ни треба Љубов.

Јас сум Ивана Кнез, Здраво Хејтери, Јас дојдов. И не планирам да си одам во скоро време.

Се читаме следната недела.