Секоја вечер јаде ист оброк: Диетата на Лепа Брена

Лепа Брена и на 58 години може да се пофали со беспрекорна линија на која може да ѝ позавидат и многу помлади колешки. Популарната пејачка својот младешки изглед го одржува со редовно вежбање, но и со здрава и лесна храна.

Фолк-ѕвездата конечно откри како останува во топ-форма. Утрото го почнува со јога, а секоја вечер јаде ист оброк.

- Вечерам исклучиво овесни снегулки со ленено семе, малини и капини. Тоа ми стана рутина - призна таа во интервју за „Хит Информер“.

Брена открива дека комплетно ги отфрлила млечните производи од нејзиното мени. За нејзината фигура, Лепа Брена проговори и во претходно интервју за „Женски Магазин“.

- Со години наназад научив да живеам како војник, и да бидам строга кон себе си. Јас одамна се одреков од некои животни задоволства. Смешно ми е кога ќе слушнам на нашите простори кога луѓето велат: Ако не јадам и ако не пијам и не пушам, за што тогаш живеам? Јас имам многу други причини да живеам. Научив да бидам умерена во храната и да си скратам многу работи кои претставуваат балканско задоволство - ни изјави Брена и додае дека како што поминуваат годините, таа јаде сѐ помалку месо.