СЕ ВРАЌА ПРОЛЕТТА: Убави вести доаѓаат од прогнозерите

По многу ладниот бран кој директно ни се спушти од Сибир и ни донесе невообичаено ниски температури за април, како и појава на снег на повеќе места низ Македонија (вклучувајќи ги и градовите), сега ни следува период на се потопло време, како преку ден, така и во ноќните и во утринските часови, што значи дека во постепен пораст ќе бидат и минималните утрински, како и максималните дневни температури на воздухот, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Температурите наутро во следниот период веќе на повеќе места ќе бидат позитивни, со исклучок на повисоките населени места, како и на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките места, каде температурите и понатаму ќе бидат негативни, односно за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури ќе бидат постепено пролетни, и во периодот кој што ни следува, тие на повеќе места ќе се искачуваат близу, па и околу 15 степоени, а на повеќе места тие ќе надминуваат и 15 степени.
Во Повардарието, како и во југоисточните предели од нашата Македонија тие ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени.
Детали на Фактор тука.