Во животот се вљубуваме три пати силно, и тоа секој пат со причина

Љубовта е само збор, додека не се појави некој кој би и дал смисла. Луѓето велат дека во животот вистински се вљубуваме само три пати и дека за секое вљубување постои вистинско време и одредена причина...

Прва љубов 

Со неа човек обично се среќава во тинејџерските години и тоа е онаа невина прва љубов која зучи како љубовните приказни кои ги читаме и гледаме на ТВ. Тоа е љубов која ги задоволува очекувањата на општеството, а можеби и на нашите семејства. Влегуваме во неа верувајќи дека тоа ќе биде нашата прва и единствена љубов. Понекогаш, дури и кога работите не функционираат, луѓето ќе ги стават на страна своите ставови, желби или мислења, само за да ја одржат таа врска. Оваа љубов изгледа вистинска, однадвор, бидејќи во повеќето случаи луѓето не знаат што сакаат, ниту се формирани како личности. 


Втора љубов 

Оваа љубов обично е таа „тешката“ љубов, која не подучува на животни лекции за тоа кои сме и што очекуваме од животот, односно каква љубов бараме. Оваа љубов боли, полна е со лаги и заблуди, манипулации и солзи. Од друга страна не е реткост да се вртите во волшебен круг, а многумина повеќе пати ќе прекинат и ќе влезат во ист однос убедени дека ќе успеат нешто да променат. Но таа обично станува се полоша и полоша и исполнета со драми и проблеми. Како сапуница, драмата која ја одбележува оваа врска е токму она што не држи зависни од приказната. За време на оваа љубов изгледа дека е важно да се „поправи“ врската, отколку да се застане и размислува дали тоа воопшто има смисла. Оваа љубов не учи кои сме и што воопшто сакаме од врската. 

Трета љубов

Тоа е онаа љубов која не „фати“ целосно неподготвени. Тоа е љубов на која не и се надеваме, која не ја очекуваме, бидејќи изгледа целосно погрешна, бидејќи неретко личи на идеална љубов која луѓето си ја замислуваат по бродоломот на втората љубов. Таа е вид на врска помеѓу двајца луѓе која тешко може да се објасни со зборови, и поради неа луѓето прават и најлуди работи, бидејќи за разлика од првите два вида на љубов, во оваа нема очекувања и планови. Прв пат партнерите се прифаќаат точно такви какви што се. Таа ги урива сите „предрасуди“ поврзани за љубовта, и се движи во насока која ни одговара нам и на нашите потреби, а не се развива според идеално сценарио. Една од последиците на оваа љубов е дека луѓето стануваат најдобра верзија од себе, го откриваат вистинското значење на љубовта и почитта, соживотот и се она што е потребно за врската помеѓу двајца да ги издржи сите препреки кои ги носи животот. 

Некои никогаш не ја дожививуваат третата љубов... 

Понекогаш на луѓето им се потребни повеќе лоши врски или подолго време да ја препознаат вистинската љубов и личност со која доаѓаат, но таа е упорна и неретко ќе пронајде начин да и се покаже на личноста за која е наменета. Можеме да избереме да останеме со нашата прва љубов, онаа која изгледа добро однадвор и која другите ја одобруваат и поддржуваат. Можеме да се одлучиме да останеме со друга љубов, под претпоставка дека, ако се бориме за неа на крај таа ќе биде она што сакаме да биде. Или можеме да одлучиме да ја чекаме нашата трета и вистинска љубов. За секое правило постојат исклучоци, така да сигурно постојат луѓе кои од прва ја нашле сродната душа или оние кои никогаш не ја нашле вистинската љубов. Но, воглавно во човечките животи, со спиралата на учење на сопствени грешки, често се повторува токму овој пример.