Се надеваме на најдоброто, но се спремаме за најлошото: Македонската блогерка, директно од Франција

Лепосава Тупеска Анѓеловски, позната како @magnolia.glamour на Инстаграм, веќе неколку години живее во Белфорт, Франција, и одтаму ни раскажа за моменталната ситуација во Франција, во време на коронавирусот.

Франција е држава која е има вкупно 110 департаменти, регионот и департаментот каде што живеам јас, Белфорт, спаѓа во ризичната категорија каде што има голем број на инфицирани со овој вирус – вели Лепосава и додава дека до неделата вечерта, движењето низ градот каде што живее, било нормално, речиси како ништо да не се случува, но - тоа се промени “преку ноќ” и поради не почитување на мерките како што се: да не се собираме во паркови со децата или да не одиме на кафе во барови со пријатели, бројот на заразени порасна (моментално е над 9.000 заболени) и поради тоа од вторникот има строга забрана за движење ако немаме потреба. Тоа е контролирано од страна на полиција која е поставена на речиси секој 3м од градот - вели Лепосава.













*слики од празни улици во Белфорт


Таа и нејзиното семејство се придржуваат кон дадените препораки и мерки и одбираат да останат дома, а засега се чувствуваат сигурно:
Се надеваме на најдоброто, а се спремаме за најлошото што во наш случај би било продолжување на оваа забрана за излегување од дома (повеќе од засега предложените 14 дена) 
Се надеваме на најдоброто, а се спремаме за најлошото што во наш случај би било продолжување на оваа забрана за излегување од дома (повеќе од засега предложените 14 дена) затоа што јас сум екстровертна личност, мојот сопруг исто така, а за синчето од 3 години мислам дека е јасно и веќе по два дена дома, бара да шета и прашува зошто не смее да излезе. Малце е тешко да се објасни ама со различни и интересни активности се обидуваме да го пополниме неговото време. 
Уживаме сите заедно и го користиме секој момент за правење на нешто корисно и интересно со оглед на тоа дека професијата на маж ми е таква (ракометар) што тој мора често да е отсутен од дома. Сега користиме прилика да се изнауживаме во времето поминато заедно. 
Некогаш е едноставно бесцелно и да ја користиме најдобрата и најскапата крема против акни, на пример, ако добро не го чистиме и хидрираме нашето лице и, да - ако не користиме креми со заштитен фактор секој ден без разлика дали излегуваме или не од дома - советува Лепосава.

Ја прашавме и за совет за останатите мајките, да ни раскаже како успева да го задржи нејзиното дете дома во овие услови, а таа вели дека со оглед на тоа што синчето е 3 години, тешко е да му се објасни зошто баш мора да седи дома, кога времето надвор е толку убаво. И додава:

Благодарение на голем број Инстаграм профили откривам многу активности кои ги правам за него и така го исполнуваме времето. Активностите се едукативни и интересни и ептен ни помагаат да го научиме на многу работи така што користењето на технологија е сведено на минимум, односно воопшто го нема.  Ако се смета за технологија, тогаш еве ги издвојувам гледање на Бушава азбука и Дајте музика.

Лепосава e магистер по фармација, на Фармацевтскиот Факултет во Скопје, сега е во процес на продолжување на студиите за 2 години во Франција, каде што ќе работи низ различни сектори на јавното здравство за на крај да се стекне со диплома Доктор по фармацевтски науки. Но, вели дека сега е на кратка пауза бидејќи е мајка на мало дете, и останува дома да го чувам него. 

Од аспект на фармацевт, вели дека што се однесува до советите во време на корона, освен предозирањето со витамини - навистина не е потребно во никој случај ако се храните редовно и доволно,  најдобра превентива во овие моменти е да останете дома, ако навистина нема потреба да излегувате и да одите било каде. А ако веќе мора, заради вашите обврски и работа, тогаш користете заштитни медицински ракавици и маска, одржувајте растојание од 1 метар кога чекате на каса во маркет (овде е тоа контролирано од обезбедување - вели таа), додавајќи дека за другото веќе сме добро запознаени, така што останува само и само на нас. 


Лепосава, позната како Магнолија на Инстаграм, има скоро 11.000 следачи, а на нејзиниот профил споделува корисни совети за убавина, DIY маски за лице, коса и друго, и како што и самата вели „мислам дека сум компетентна како фармацевт со оглед на тоа дека ние сме тие, од кои, тој круг на развој на препарати - започнува “, па за читателките на Женски магазин сподели и две рецепти за убавина во домашни услови со оглед на пандемијата и тоа што посетувањето козметички салони е на листите на почек:



1.  Арганово масло и оризово брашно за пилинг на лице, при кој што 2 супени лажици оризово брашно ќе измешате со 1 супена лажица арганово масло. Мешате до добивање на хомогена смеса која после ја ставате на влажна кожа и нежно масирајте со кружни движења (во рок од 2 минути) по што ја измивате од лицето. 

2.  Намалување на темни кругови околу очите со една шолја (200мл) тазе подготвен зелен чај во кој ќе ставите и 1/4 супена лажичка зачин куркума (околу 2.5г). Добро ќе измешате и ќе оставите чајот со куркумата да се излади. После тоа ќе натопите два тупфери во овој раствор и ќе ги ставите на очите околу 3-5 минути. 

Инаку со нејзиниот инста блог, започнала минатата година и најмногу ја радува кога ќе добие порака од некој на кој помогнала да го среди долгогодишниот проблем со кожата, благодарение на нејзините совети за правилна нега - која е основа за сѐ понатака. 


Љ.Иванова