Се колнеше дека нема да биде со ниту еден маж, но Сајмон ја премисли: Љубовната приказна на Адел

Иако тврдеше дека веќе нема да пушти ниту еден маж во нејзиниот живот, Сајмон Конецски успеа да ја освои поп-ѕвездата Адел, која викендов официјално објави дека нејзиниот брак е готов.

Роден е во 1974 година во Њујорк, но неговото семејство се сели во Лондон кога имал 10 години. Кариерата му тргна во нагорна линија кога стана директор на компанијата ЕБС, а почна да се занимава и со хуманитарна работа кога стана коосновач на компанијата "Life Water“, еколошки бренд на флаширана вода во Британија. 

Сајмон и Адел за прв пат се видени заедно во јавноста во 2012 година, на одмор на Флорида, а во врска биле неколку години претходно. Се зборуваше дека ги запозна пејачот Ед Ширан во периодот кога Адел закрепнуваше од операцијата на грлото која ја имала во 2011 година. Меѓутоа, Ед тие информации ги демантираше на Твитер.

Адел во тоа време се обидувала да го преболи поранешниот дечко и редовно зборуваше дека е се колне оти ќе остане сама затоа што партнер во животот ѝ е само пречка. Но, изгледа дека Сајмон успеал да ја освои. 

Иако внимателно ја чуваа својата приватност, повремено им се случуваше јавно да разменуваат нежности. Така, се памети концертот на Адел во Нешвил во 2013 година, кога на среде концерт, на сцената пред неа паднаа напишани љубвни пораки, со кои Сајмон ја изненади за годишнината. 

„Адел и нејзиниот партнер се разделија. Цврсто се решени посветено и со многу љубов да го воспитуваат синот. Како и секогаш, ја молат јавноста за приватност и нема понатаму да коментираат на оваа тема“, стои во соопштението од тимот на Адел. Пејачката му кажа ДА на Сајмон по пет години врска во 2016 година, а синот Анџело им се роди во 2012 година.