На сопругот му одам на нерви: Сара Џесика Паркер си ја отвори душата за бракот

Актерката Сара Џесика Паркер (53) која најмногу се прослави со улогата на Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, наскоро ќе слави 21 година брак со актерот Метју Бродерик.

Таа неодамна ги сподели своите искуства како сопруга и мајка, прикажувајќи дека без оглед што е светска ѕвезда, често ја мачат исти проблеми како и секоја друга жена.

„Сите љубовни врски бараат многу посветеност, но јас отсекогаш чувствував дека сакам да дадам многу повеќе. Сметам дека мојот сопруг е неверојатно паметен. Исто така, сум сигурна дека му одам на нерви. И тој мене понекогаш, но пред сè, горда сум на тоа каква личност е. Колку што врската трае подолго, сè повеќе вложуваш во себе. Неговите победи стануваат и твои, а колку повеќе си дел од тоа, сè потешко ти станува да го замислиш животот без таа личност. И иако можеби звучи лудо, но имаме животи што ни дозволуваат да бидеме разделени и повторно да се споиме. Сметам дека тоа е предност, затоа што имаме многу да (с)поделиме еден со друг. Секоја врска доаѓа до момент кога треба да одлучите, дали е вредна да се вложите, без разлика за што и да се работи“- објаснува актерката.

Вели дека мајчинството сосема ја сменило, дека има грижи за децата што е исцрпувачки.