Самсунг го претстави изданието на Галакси С9 и Галакси С9+ во нијанса на Златно Изгрејсонце!

Нова, живописна боја се приклучува кон Галакси семејството, креирајќи уште повеќе можности за персонализација за потрошувачите


Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги најави новите изданија на Галакси С9 (Galaxy S9) и Галакси С9+ (Galaxy S9+) паметните телефони, во нијанса на Златно Изгрејсонце (Sunrise Gold). Представени пред широката публика во Февруари, 2018 година, Самсунг Галакси С9 и С9+ се исто така достапни и во Полноќно Црна, Корално Сина и Пурпурно Виолетова. 

“Луѓето сакаат да имаат можност да го изразат својот стил и карактер преку технологијата, а бојата игра важна улога во целиот процес на персонализација. Новото издание ја збогатуваат понудата на бои во кои се достапни Галакси С9 и С9+ со нови живописти стилови кои ги обединуваат модерното и класичното чувство.“ – изјави Јонгхи Ли (Younghee Lee), Извршен Подпретседател во Компанијата Самсунг Електроникс. 

Изданијата во нијанса на Златно Изгрејсонце на Галакси С9 и С9+ се првите уреди на Самсунг кои вклучуваат сјајна сатенска завршница која го опфаќа целиот уред со смирувачки сјај и светкавост. Новата нијанса на Златно Изгрејсонце создава чувство на живописност, а воедно и смирува и релаксира. Овој софистициран финиш е развиен со цел да им се допадне на сите корисници со доближување стилот на високата мода и дизајнот на урбаните ентериери кон мобилниот уред на корисникот. 


Самсунг Галакси С9 и С9+ го редизајнираат начинот на кој комуницираме, споделуваме и го искусуваме светот. 

Редизајнирана Камера: Галакси С9 и С9+ камерите се со вграден “Super Speed Dual Pixel“ сензор со посветена моќ за процесирање и меморија за креирање неверојатни фотографии со висок квалитет и вклучуваат можности за снимање видео со “Super Slow-mo“ функција, фотографирање во услови на слаба осветленост, леќа со двојна бленда, “AR Emoji“ и интегрирана гласовна команда – Бигзби.

Извонредна Забава: Овие паметни телефони нудат премиум звучно искуство со помош на стерео звучниците поставени од АКГ (AKG) и поддржуваат Долби Атмос (Dolby Atmos), креирајќи ефект на звук од 360 степени. 

Галакси Основни Карактеристики: Карактеристиките што корисниците ги сакаат и ги очекуваат се стандард со Галакси С9 и С9+, вклучувајќи: скен на ирисот на окото и отпечатокот од прстот, можности за препознавање на лице подобрени со технологија за длабинско учење и Интелигентно Скенирање; “IP68“ отпорност на вода и прашина и можност за брзо и бежично полнење. 

Во Македонија, изданијата на Галакси С9 и С9+ во нијанса на Златно Изгрејсонце се веќе достапни за потрошувачите од средината на овој месец, а сите заинтересирани може да ги набават во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун Македонија и Сетек.