Само уште да го оженам синот и да дочекам внуци од него: Шабан Шаулиќ планирал веселба

Михајло, синот на покојниот пејач на народна музика Шабан Шаулиќ, планирал свадба со својата свршеница Данијела Мандиќ. Венчавката требала да биде за три месеци, а само два дена пред трагичната несреќа во која загина во Германија, Шаулиќ го правел списокот на гости за свадбата, пишува српски „Курир“.

Шабан Шаулиќ со сопругата Гордана и со синот Михајло 

„Мислам дека човек без деца, внуци и семејство е несреќен човек. А јас сето тоа го имам, и тоа е голема среќа. Уште само да дочекам да го оженам синот, затоа што единствената неостварена желба ми е да запеам на неговата свадба, но и да си играм со неговите деца. Ништо повеќе не би посакал, затоа што јас сум реализиран и среќен човек. Не сум некој кој пати по кули и по градови. Сопругата, децата и внуците ми се сѐ“, рекол Шаулиќ во претходно интервју. 

Постарата ќерка на Шаулиќ, Санела во четврток требаше да организира забава за својот роденден 

Неговите пријатели за „Курир“ велат дека на свадбата на синот, тој ѝ се радувал како мало дете. Освен свадбата, семејството Шаулиќ организирало уште една веселба. На 21 февруари, во четврток, најстарата ќерка на Шабан, Санела слави роденден. 

Свадбата на синот е одложена барем за една година подоцна, велат пријатлите.