Само СЕДУМ жени во СВЕТОТ смеат да носат бело пред папата: Една голема кралица ја нема таа привилегија

Добивај вести на Viber

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, почина во понеделникот на 88-годишна возраст, на вториот ден од Велигден. За време на неговиот живот како папа имал многу обврски, а кога биле во прашање посетите на други земји, како и посетите на монархот на Ватикан, многумина го забележале кодексот на облекување на жените.

Имено, познатата „le privilege du blanc“ или привилегија на белата боја е обичај на Католичката црква кој дозволува одредени женски членови на кралските семејства да носат бела облека (традиционално бел фустан и бел превез) во присуство на папата. Тоа е исклучок од традиционалното барање жените да носат црно во такви прилики, кое стана опционално од 1980-тите.

Жените во темна или црна облека е вообичаена глетка за време на официјални посети на Ватикан или приватна аудиенција кај папата. Сепак, според протоколот на Ватикан, има седум жени во светот кои имаат привилегија да носат бело пред папата. Овие жени се католички владетели или сопруги на католичките монарси од следните европски кралски куќи: Шпанија, Белгија, Луксембург и Монако.

Поранешната кралица на Шпанија, Дона Софија, се сретна со последните пет папи - од Павле VI до Франциск. Оваа привилегија ѝ беше пренесена на Летиција кога стана кралица на Шпанија во 2014 година. Но, носењето бело не е задолжително за овие жени.

На пример, Шарлин од Монако, сопругата на принцот Алберт, одлучила да носи црно за време на нејзината последна посета на папата, иако претходно носела бело. Исто така, големата војвотка Марија Тереза ​​од Луксембург избра да носи црно, иако го доби правото да носи бело кога стана придружничка на владетелот во 2000 година. Право да носат бело имаат и белгиските монарси: поранешната кралица Паола и сегашната кралица Матилда. Кралицата Матилда имаше средба со папата Франциск во средината на септември 2023 година. Но, само католичките монарси и нивните сопруги се опфатени со оваа привилегија. На пример, иако холандската кралица Максима остана католик откако се омажи за протестантскиот принц Вилијам, таа нема право да носи бело пред папата.

Извор: Ona.telegraf.rs