Сакам да снимам реклама со Линда Еванџелиста: Интервју со Дарко Панчев

Во својата кариера освои скоро се' што можеше да се освои во фудбалот. За Дарко Панчев, легендата на југословенскиот фудбал и играч кој на Црвена ѕвезда ѝ ја донесе титулата европски шампион и ја освои златната копачка на Европа, скоро и да нема нешто што не е напишано. Тој е нашата гордост и останува запишан во историјата како фудбалерот со број 9, еден од најдобрите на Балканот и пошироко. 

Сепак, Дарко се' уште има што да каже, а при тоа и да не' насмее. Активен е колку може во спортот, активно ги следи спортските случувања, ама во неговиот кафе бар постојано е во друштво на големи регионални ѕвезди кои и денес му симнуваат капа. Со сопругата Маја имаат една многу подруга работа од нивната стандарна, а таа е да бидат добри родители на двете ќерки и да ги изведат на вистински пат. 

- Мислам дека со Маја заедно, ќерките Надица и Марија ги учиме на нормални животни вредности. Да прават добри работи и да ги почитуваат постарите - вели Панчев. 

Интервјуто прочитајте го на МАШКИ МАГАЗИН