Сакам да ме остават на раат, си имам работа со пчелите: Атиџе се јави од Лос Анџелес

Сакам малку да ме остават на раат. Со пчелите си имам работа, ни порача од Лос Анџелес Атиџе Муратова. Екипата на „Медена земја“ денеска преку видеоврска одржа прес-конференција за македонските медиуми. Доцна во ноќта по американско време, тимот кој работеше на документарецот одговараше на новинарски прашања, само еден ден по спласнувањето на оскаровската еуфорија.

- Супер си поминувам овде. Најмногу му се радував на океанот. Утре се враќам назад. Би сакала малку да ме остават на раат. Си имам јас работа со пчелите - замоли Муратова која пресот го отвори со песна.

Детали од прес-конференцијата наскоро на Женски магазин.