ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: На 90 години не пие лекови, нејзиниот совет за СРЕЌА го распамети светот

Една баба од Москва е совршен пример како треба да се живее и колку позитивниот став влијае на квалитетот на животот и на долговечноста воопшто.

- Имам 90 години, но се чувствувам како да имам 50 . Не пијам лекови и никогаш не се жалам. Секогаш им кажувам на луѓето: Појди од она што го имаш, а не што сакаш. Јас едноставно сум среќна бидејќи сум жива - рекла оваа неверојатна дама од Москва.

Вели дека секој ден танцува два часа и ужива во тоа. 

- Ме интересира политика и книжевност. Сакам и наука. И да, го имам дечкото Александар. Разменуваме книги. Не знам колку години има - открила таа.

Оваа баба е жив доказ дека позитивниот став кон животот значи многу повеќе отколку што мислиме!