Росана прослави роденден без Коки

Росана Јанков, портпаролката на АМСМ, го прослави својот 34. роденден без сопругот, виолинистот Никола Јанков- Коки. Росана на своите Фејсбук и Инстаграм профили објави фотографии од неа и од ќерката на заеднички ручек.

Во септември, медиумите објавија дека по десет години брак, Коки, кој беше дел од дуото Дуле и Коки и неговата сопруга се разведуваат. За Женски магазин, тогаш Росана не ги негираше, ниту ги потврди гласините дека на бракот со Коки му доаѓа крајот.

„ За мојот приватен живот, немам коментар. За сите мои професионални ангажмани ви стојам на располагање“,  ни изјави Росана пред два месеци. На многу од јавните настани на кои портпаролката присуствува, таа доаѓа сама, без сопругот. И Коки на музички промоции и на концерти, исто така се појавува во друштво на пријатели. 

Таа и Коки се запознале пред 17 години, кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Коки со покојниот колега Дуле, гостувал во емисијата  „Утринско огледало“. 

„ По неколку години, со пријатели излеговме една во дискотека каде што свиреа Дуле и Коки. Само што влеговме, забележав едно многу убаво момче. Ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед. Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав. Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него. Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака: „Здраво.“ Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој. Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа 10 години, години кои ги поминувам со мојот љубен, во среќа, хармонија, пријателство и во заедничко воспитување на нашата среќичка“, раскажа Росана Јанков лани за Женски магазин.