„Роднините прашуваат кога ќе најдам вистинска, државна работа“: Теа Таировиќ (29) се уште е на факултет, а еве што студира

Теа Таировиќ се омажи завчера во Нови Сад за својот избраник Иван.
Иако е една од најуспешните и најбараните пејачки на српската естрада, сепак нејзиното семејство има замерка, не на нејзината работа, туку на она што го сметаат за вистинска работа.
Теа Таировиќ студира психологија, а родителите ѝ замеруваат што не го завршила факултетот. Иако го оствари сонот за голема музичка кариера, најблиските велат дека би сакале еден ден да има диплома во рака.
Таа во емисијата „Балканско улицом“ откри дека се уште студира, но дека нема да открие во која година е.
„Не смеам да кажам на која година сум за да не ме прашуваат роднините .
На прашањето на водителката што најчесто ја прашуваат блиските Теа - кога ќе заврши психологија или кога ќе се мажи, пејачката вели:
„Не, не ме прашуваат кога ќе се омажам, ме прашуваат кога ќе најдам вистинска работа, државна работа и кога ќе завршам факултет. Така најчесто ме прашува баба ми“, открила Теа и додала дека баба ѝ нема никакви поплаки за неа, и дека од неа наследила да биде посветена на работата и дисциплинирана.
„Не, таа е главно многу горда, но кога зборуваме за тоа, јас го наследив тој работохолик од неа. Таа е исклучително дисциплинирана жена.