Рецепт за највкусниот и мек банана леб: Совршена ужина за целото семејство

Доколку имате банани кои поцрнеле или ептен омекнале, не ги фрлајте. Направете со нив банана леб. Колач кој е совршен за ужина, а ќе го сака целото семејство.
Потребни состојки:
-3 банани
-1 шолја шеќер
-2 јајца, матени
-1/2 шолја растопен путер
-2 шолји брашно (или 1 ако користите црно брашно)
-1 лажичка прашок за пециво
-1/2 лажичка сол
-1 лажичка цимет
Чоколадо за готвење (по желба)
Налин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изгмечете ги бананите во голем сад, додадете ги јајцата и маслото, убаво мешајќи за да добиете единечна смеса.
Потоа измешајте ги сувите состојки заедно и додадете ги на миксот со банани. Измешајте повторно за да добиете единечна смеса. По желба може да додадете чоколадо за готвење.
Истурете ја смесата во калап за колач и печете 55-60 минути.
Бон апетит!
Фото: фреепик