Рецепт: Совршени тиквички на брз и лесен начин

Верувам дека скоро секој од нас ги обожава, можете да ги подготвите пржени, печени, на скара, во сите варијанти.

Направете го рецептот кој денес ние ви го предлагаме и израдувајте ги сите дома.


Потребно ви е:

- Тиквички

- Брашно

- Сол

-Масло

-Вода


Подготовка:

Излупете ги тиквичките и исечете ги на прстени дебели околу 1,5 см.

Во сад, комбинирајте грст брашно и лажичка сол.

Ставете чаша вода до садот.

Истурете го маслото во тавата и вклучете го шпоретот на ниски степени.


Ова е многу важна нијанса.

Тиквичките се увалуваат во брашно со сол и се потопуваат во чаша вода.

Потоа ги ставате во тава.

Пржете ги од двете страни додека не заруменат.


Бон апетит!