(РЕЦЕПТ) Рафаело бомбици со чоколадо

За подготовка на овие превкусни рафаело бомбици ви се потребни само 3 намирници. Лесно се прават, а ги снемува за минута. Пробајте го и вие рецептот и ќе се уверите во тоа.


Намирници:

350 гр кокос 

400 гр засладено кондензирано млеко

250 гр темно чоколадо


Подготовка:

Млекото и кокосот ставете ги во еден сад и добро промешајте. Од добиената смеса формирајте бомбици. Ставете ги во фрижидер околу еден час, за да се стврднат. 

Темното чоколадо растопете го на тивок оган со малку масло за говење или во микробранова печка. Користејќи две вилушки, потопете ја секоја топка во растопеното чоколадо и ставете ја на друг сад за да се стврдне чоколадата. Подготвените бомбици од кокос чувајте ги во фрижидер.


Бон апетит!