Одличен, здрав и вкусен рецепт: Необични „бајадерице“ кои мора да ги направите

Составот нема врска си вистинските бајадери но ние, ги нарековме „бајадерице“

Ви требаат:

*10 големи урми 

*80 грама печени ореви.

Прво исецкајте ги урмите ситно па додајте ги сецканите печени ореви. Измешајте се додека смесата не се соедини.

Калапот обложете го со хартија за печење па смесата префрлете ја и добро распоредете насекаде.


*150 г микс семки од тиква и сончоглед

*3 лажици мед

Семките од тиква исечкајте ги и измешајте со сончогледот. Додајте и на смесата мед и се измешајте додека не се добие леплива смеса.

Смесата ставете ја во калапот врз првиот слој и добро притиснете. Ставете во замрзнувач на еден час да се стврдне.

*50 гр. црна чоколада


Кога ќе се стегне убаво смесата исечете ја на штангли. Стопете ја темната чоколада и секоја штангла прелијте ја со лажица чоколада. Вратете во фрижидер дополнително да се стегне чоколадата.

Целата постапка може да ја погледнете во видеото подолу:



Пријатен апетит!


*Пр објава