(РЕЦЕПТ) Мафини од само три состојки

Мафини со малина кои се подготвуваат брзо. Тие не содржат шеќер, а се што ви е потребно за да ги подготвите се само три состојки.


Намирници:

- 4 јајца

- малини

- 2 банани


Подготовка:

Згмечете ги бананите, па додајте ги јајцата и убаво измешајте ја смесата.

Ставете малини ( освен свежи може да користите и смрзнати) во калапот за мафини и покријте ги со смесата од јајца и банани. Печете на 190 C додека мафините не станат кафенави.


Сервирајте и уживајте во нивниот вкус.

Бон апетит!