(РЕЦЕПТ) Крем супа од тиква

Зимата е одлична за топла и здрава супа. Доколку сте расположени да пробате нешто ново, еве рецепт за крем супа од  тиква која можете да ја подготвите за половина час.


Потребни намирници: 

400 грама тиква, 

100 милилитри млеко, 

еден кромид, 

30 грама павлака, 

путер, зачини според вкус


Испржете го кромидот на путер додека не добие златна боја. Потоа додајте нарендана тиква и зачини. Во литар вода ставете ги кромидот и тиквата и гответе околу 20 минути. Потоа се испасирајте користејќи блендер. Додајте топло млеко и повторно промешајте. Кога сервирате, додајте кисела павлака во супата. 


Бон апетит!