РАЗГОРЕНА ЉУБОВ

  Кога се враќав вечерта, Весна испраќаше еден пријател. Во претсобјето, на масичката имаше оставено пари. Седнав в кујна, чекав да се врати и почнав од почеток да ѝ раскажувам сè што се ми случи вечерва. Бев многу радосна што го запознав друштвото на Марко и дека ќе одиме на базен. Се сетив дека немам костим за бањање, а таа веднаш ми донесе нејзиниот. Го облеков и многу убаво ми стоеше. За пливање немаше проблем бидејќи како мали научивме да пливаме во блиската река.

  Весна беше многу скептична и ме пресече со зборовите: „Милка, немој веднаш да донесуваш заклучок. Биди повнимателна. Знаеш колку се луѓето сурови. Затоа сè ти објаснив. Имам уште многу да ти раскажувам, но, ајде, другпат“. Можеби беше во право. Не бев умерена, туку бев во некоја еуфорична состојба. И самата знаев, но не можев да престанам да се радувам.

  Утредента кога дојдов на договореното место, Марко веќе ме чекаше. Кога ме виде, очите му засветеа, а лицето му се разнежи. Пристигнаа и другите и сите заедно се упативме кон базенот. Кога стасавме се распославме и поради тоа што беше многу жешко, веднаш се соблековме во костимите за бањање. Кога се соблеков, се изненадија и она „лол“ почна да ечи низ базенот. Почнаа сите да се смеат и да шегуваат на нивна сметка.

  Потоа зедовме лежалки, машките играа карти, а девојките меѓу кои и јас разговаравме и се сончавме. Се мачкавме со лосион и со крем за сончање. Нормално, го викнав Марко да ми намачка грбот. Тој се шегуваше и ме мачкаше. Ми ја триеше и ми ја масираше кожата со своите мускулести раце. Потоа, и јас му го намачкав грбот.

  Во водата имаше многу капачи. Влегуваа да се разладат и да попливаат. Марко ми пријде и ми кажа: „Ајде в базен“. Му се придружив. Почнавме да пливаме. Марко се изненади и ми рече: „Аууу, навистина, добро пливаш“.

  Ме прегрна и ми се доближи. Всушност, и полуголата состојба на телото придонесува за блискост, а дополнета со водата, делуваше доста возбудувачки врз двајцата. Но, помеѓу нас имаше флуид, незапирлива река од љубов и од страст. Потсвесно, длабоко во душата, чувствував дека ова ми е прва и најголема љубов.

  Се бакнувавме. Марко ми ги бакнуваше, градите се вртевме во водата како пируети. Ме креваше високо и од висина ме фрлаше. Секое фрлање ме фаќаше и се обвиткувавме еден со друг. Ги испреплетувавме нозете и го чувствував врз мене неговото пулсирачко тело, неговиот пулсирачки набрекнат орган, кој мислиш секој момент ќе излета од костимот за бањање. Осетив желба да го погалам. Му го фатив со рака, а Марко ми ја фати мојата „зрела смоква“. Почна да ми шепоти: „Единствена моја, толку те засакав што не можам да те извадам од глава. Ти си мое сонце, мој живот, моја муза. Твојата „зрела смоква“ е подготвена да ме прими во себе. Не те брзам. Примамливо е и за двајцата водењето љубов во вода, но и тоа ќе биде. Сè е ова водење љубов дури и ова нежно, пријатно и со страст запознавање и љубење на нашите интимни делови е, исто така, убаво“.

  И јас го мислев истото. Ова сензуално гушкање, милување и бакнување ме излудуваше. Во базенот не гледав ни кој каде е, ни кој што прави. Марко беше мојот свет, моето сонце, мојата иднина. Занесени, сами со себе, не забележавме дека времето поминало. Останатите нè викаа. Порачале сендвичи и за нас. Излеговме од водата и кога им приближивме, тие ни ракоплескаа. Јадевме сендвичи, пиевме кафе и потоа изморени повикавме такси и се вративме дома. Марко ме изгушка и се договоривме да одиме кон крајот на неделата в диско заедно со Александра. Прифатив бидејќи и јас немав многу време, а и овие денови, Весна требаше да полага за фризерка. Се симнав од такси и ја видов Весна како стоеше на прозор. Кога ме виде, влезе внатре. Влегов дома, се истуширав и ручавме. Не зборувавме многу поради тоа што бев изморена и гладна, само ми кажа дека подоцна ќе се врати повторно во фризерницата за да повежба на фризури бидејќи за два дена ќе полага. Беше пресреќна.

  Легнав да се одморам. По некое време, ме праша дали ќе одам со неа за на враќање да купиме гардероба за мене. Прифатив и отидовме во фризерницата. Миа, газадарицата на фризерницата, ѝ кажа: „Многу си способна и убаво работиш. Не дозволувај да те фати трема. Комисијата е строга, но правична. Ако работиш сталожено како овде, ќе положиш. Ние сите сакаме да положиш и да те видиме во сопствена фризерница“. Александра беше втора смена. Ме бакна и јас ѝ реков дека планираме да одиме в диско. Се израдува. На враќање од фризерницата, отидовме да купиме гардероба за мене. Весна не штедеше за мене, ни пари ни време. Купивме сè она што мислевме дека ми е потребно.

  Само што тргнавме накај дома, некој викна по Весна. Таа се заврти и препозна некој стар пријател кој ѝ кажа: „Едвај чекав да те сретнам. Ајде да седнеме, да пиеме кафе и да поразговараме“. Изморени бевме многу, но тој инсистираше на кратко да се видат, макар на пол час. Седнавме. Започнаа неврзан разговор. За време на разговорот тој ја праша: „Каков ти е бракот?“

  Таа се насмеа кисело и му одговори: „Добар“, меѓутоа на неговото лице се виде некакво гадење и почна да зборува: „Тој не те заслужува. Еден негов пријател ми кажа дека чувствувал голема омраза кон тебе. Пари не ти давал, не можел да те смисли и одел со некоја жена. Чекал да се разведе со тебе и планирал тебе да те избрка од станот, а да ја донесе неа дома. Најмногу те мразел бидејќи сте немале деца, а тебе не ти било гајле. Таа ќе му родела дете и конечно ќе имал семејство какво што сакал. Морав ова да ти кажам за да имаш време да се заштитиш. Најди некој добар адвокат, јасно е дека има намера да те уништи. Внимавај што правиш. Тој вози низ цела Европа, многу е платен“.

  Познавајќи ја сестра ми знаев дека нема да попушти. Само се насмеа и му рече: „Станот не беше негов кога се зедовме. Имаше дадено само капар, а лажеше дека е негов. Станот и покуќнината ги платив јас. Ти благодарам многу за вреднава информација, ова нема да ти го заборавам никогаш“. Се поздравивме со него и тргнавме накај дома.

АНОНИМНА