Разбира 7 јазици, мајка е на 2 деца, фудбалот ѝ е слабост: Која е Колинда Грабар-Китаровиќ?

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ стана една од најпознатите светски лидери, откако Хрватска загуби од Франција во финалето на Светскиот мундијал во Русија.

Фотографиите од Колинда, облечена во хрватски дрес, додека навива за својот тим, го обиколија светот и таа стана пример за жена.

По натпреварот, Колинда беше во центарот на вниманието додека заедно со францускиот претседател Макрон делеше прегратки за играчите од двете страни без разлика што истураше дожд. 

Таа плачеше и се смееше со своите сонародници, а претходно подели и дресови за големите светски лидери, меѓу кои и за Путин и Трамп.

Грабар-Китаровиќ е родена на 29-ти април 1968-ма година во Риека како ќерка на Дубравка и Бранко Грабар. Студирала една година во средното училиште Лос Аламос во Ново Мексико, а исто така студирала во Загреб, Виена, Вашингтон и Харвард, пред да ги заврши докторските студии во својата татковина. Таа е Магистер по Меѓународни односи на Факултетот за политички науки во Загреб.

По победата во вториот круг на 11-ти јануари 2015-та година на хрватските претседателски избори против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ, таа ќе стане 4-тиот претседател на Хрватска на 19-ти февруари 2015-та година. Воедно таа е првата жена претседател на Хрватска.

Од 2011-та до 2014-та година Грабар-Китаровиќ работи како помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО. Таа е првата жена помошник генерален секретар на НАТО. Пред тоа е министер за европски работи (2003-2005) и министер за надворешни и европски работи (2005-2008) во Владата на Иво Санадер и хрватски амбасадор во САД (2008-2011). Таа е член на конзервативната партија Хрватска демократска заедница од 1993-та година и е еден од тројцата хрватски членови на Трилатералната комисија. 

Колинда е исто така мултилингвист, течно зборува хрватски, англиски, шпански и португалски, а исто така го разбира германскиот, францускиот и италијанскиот јазик. 

Не пропушти ниту еден натпревар на Светското Првенство, освен оној во полуфиналето против Англија, бидејќи беше на самитот на НАТО во Брисел, каде повторно се појави во стилот на „коцкестите“. 

Го почитува католичкото христијанство и обичаите. Секогаш патува во економска класа.

Колинда е во брак со Јаков Китаровиќ уште од 1996-тата година.

Со него има две деца,ќерката Катарина и синот Лука Китаровиќ.

Таа има свој профил на Инстаграм, каде споделува фотки и случувања од нејзиното секојдневие, а следачите ја обожаваат. На светот му требаат повеќе лидери како неа.