ПРВИОТ ХОНОРАР НА КАЛИОПИ

Калиопи е една од малкуте пејачки и музичарки кои живеат само од уметност. Денес има привилегиран статус и може да се пофали со солидна заработувачка, а успешните луѓе секогаш со задоволство се сеќаваат на нивните професионални почетоци, на првите заработени пари и како истите ги потрошиле.

Македонската поп-дива во една прилика изјави дека првиот хонорар го добила кога имала само 9 години.

- Тогаш ја снимив мојата прва песна „Мојата учителка“ со која победив на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1976 година. Бев многу изненадена кога по снимањето ме пратија на благајната на тогашната Радио Телевизија Скопје да го подигнам својот хонорар. Сите пари ги потрошив на подароци за моите родители, за брат ми и сестра ми - откри популарната пејачка и авторка.