Промоција на „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов

Во четврток, 5 декември,  со почеток во 12 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ќе се одржи промоцијата на книгата „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов. Станува збор за првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“.


„Кинески мозаик“ е мала книга за голема земја, за нејзиното минато и за тоа што е денес Кина, за најголемиот вкупен придонес во светското културно наследство, за Би Шенг и Матео Ричи, за Опиумските војни и Боксерското востание, за леишу енциклопедиите и нобеловката Ту, за династиите Танг и Минг, за сликарството и поезијата, за го и цуџу, за најголемиот радиотелескоп и најголемата мрежа од брзи возови, за нешта што не сме ги учеле на училиште. Промотор на книгата ќе биде академик Витомир Митевски.