Призна со колку мажи спиела, многумина изненади со одговорот

Мараја Кери е топ-тема во светските медиуми откако за „Космополитен“ проговори за сексуалниот живот. Музичката ѕвезда тврди дека во своите 49 години била интимна само со пет мажи, а овој одговор изненади многумина.

- Ги немав толку многу, но беа различни. Во овој живот сум спиела само со пет мажи. Мислам дека сум примерна во споредба со моите колешки - раскажа пејачката.

Интересно е што за овие мажи јавноста веќе знае. Од 1993 до 1998 година беше во брак со музичкиот продуцент Томи Мотола. Потоа, две години беше во врска со пејачот Луис Мигел. Во 2008 година се омажи за пејачот Ник Канон со кого остана до 2016 година кога се вери со австралискиот милијардер Џејмс Пакер. Моментално е во врска со танчарот Брајан.