Претседателката Силјановска- Давкова се ракуваше и си помуабети со Меланија и Трамп на погребот на Папата

Папата Франциско беше погребан во Рим. На погребната миса на плоштадот Свети Петар и на погребот присуствуваа најмалку 400.000 луѓе, меѓу кои и повеќе од 160 светски претставници.
Историско емотивното испраќање на папата Франциск допре многу срца .
Десетици светски лидери и функционери, илјадници верници и повеќе од 2.000 новинари од целиот свет - му оддадоа последна почит на папата Франциск на плоштадот Свети Петар. На свечениот дел од погребот и погребната миса присуствуваа голем број свештеници, монахињи, аџии и млади католици.
Кардиналот Џовани Батиста Ре ја одржа погребната миса на плоштадот Свети Петар, а во својата проповед зборуваше за Францисk како „лидер близок до народот, со срце отворено за сите“, особено за сиромашните и маргинализираните.
„Папата Фрањо ги завршуваше своите говори како и приватните состаноци со зборовите - Не заборавајте да се молите за мене. Сега, драг папа Фрањо, ве молиме да се молите за нас. И ве молиме да ги благословите Црквата, Рим и целиот свет од небото“, рече кардиналот Џовани Батиста Ре.
И Претседателката Гордана Силјановска- Давкова вчера присустуваше на погребот на на папата.
„Голема чест ми беше да учествувам во церемонијата на оддавање немерлива почит и во испраќањето на папата Франциск во вечниот дом. Неспорно е дека овој скромен човечки џин го обележа векот, храбро чекорејќи по патиштата на милоста, добрината и човечноста.
Си замина со љубов и солзи во базиликата Санта Марија Маџоре, откако го собра и обедини целиот свет, сиот народ, сите верници и верски великодостоинственици, државници, носители на највисоки функции.
Неговите дела совршено соодветствуваа на неговите зборови и ставови.
Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет
во решавањето на проблемите на обичните луѓе, но и глобалните проблеми и уживаше огромна почит од сите категории луѓе, од најсиромашните, до најбогатите и најмоќните.
За време на неговата историска посета на Скопје, папата Франциск нè охрабри нас, македонските граѓани да опстоиме на својот посебен историски, национален и културен пат, неразделен од европскиот, изразувајќи ни разбирање, симпатија и поддршка“ - напиша таа на социјалните мрежи споделувајќи низа фотографии.
Давкова на погребот имаше можност да помуабети со првата дама на САД Меланија Трамп и нејзиниот сопруг претседателот Доналд Трамп.
Папата ќе остане запаметен како личност кој неуморно повикуваше на мир и разумност, како и на создавање мостови, а не ѕидови, потсети кардиналот во говорот што италијанскиот печат го смета за важна порака до политичарите, но и порака за профилот на идниот папа.
По светата миса, погребната поворка со ковчегот помина низ историскиот центар на Рим додека не стигна до базиликата Санта Марија Маџоре, каде на приватна церемонија беше погребан папата Франциско.
Полицијата и мотоциклите го следеа попамобилот кој го носеше ковчегот со телото на папата, а луѓето се собраа по улиците каде што колоната минуваше покрај Римскиот Колосеум. Попатно - аплаузи и извици на „Папа Франческо“.
„Тој беше неверојатен човек и не знам дали некој некогаш ќе може да го замени, така што тоа е голема загуба, но од друга страна, сигурен сум дека сега е на добро место“.
„За мене тој беше голем човек, кој ги освојуваше срцата. Тој беше папа на младите, папа на сиромашните.
„Тој сигурно направи многу, но би сакал да видам повеќе жени во Црквата“.
„Јас не сум верник, но ова е многу емотивно и за мене“.
А во очи на затворениот погреб во базиликата Света Марија Велика, Фрањо го пречека група од околу 40 жени и мажи - мигранти, затвореници, бездомници и трансродови лица.
Папата во последните години им помагаше на сите, а неговата експресна желба беше да го испратат на одмор - и „последниот“ да стане „прв“.
Според официјалните податоци, на церемонијата присуствувале околу 170 странски делегации - меѓу нив околу 50 шефови на држави и најмалку 10 владејачки монарси.
На едно место и со кратки средби: американскиот претседател Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, украинскиот лидер Володимир Зеленски.
Присутни беа и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, додека Србија беше претставена од премиерот Ѓуро Мацут. На последното збогување на папата присуствуваше и Џулијан Асанж со сопругата и децата, јавуваат италијанските медиуми.
И светските медиуми едногласно заклучуваат - историското емотивно испраќање на Папата кое допре души и срца.
ФОТО: Фејсбук