Пред огледало со Татјана Лазаревска: Со чистење по дома ја одржувам линијата

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска пред три дена го прослави својот 44 роденден. Таа со сопругот и колега, Новица Василевски и со синовите Петар и Стефан, неколку години живее во Мелбурн, Австралија. Татјана зборува за своите козметички ритуали кои се едноставни , и ги негува уште од времето кога со семејството живееше во Скопје. 

* Kаков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Мојот дневен козметички ритуал е едноставен. Дневна крема за лице преку ден, а ноќна навечер, и серум за околу очи. Еднаш на две недели правам пилинг на лицето со специјална крема.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Откако живеам во Австралија, по препорака на козметичар употребувам јапонска органска козметика Сукиин, без парабени, без вештачки бои и мириси, без сулфати. 

* Посетувате ли козметички салони?

- Да бидам искрена како и секогаш, во Македонија имав малку повеќе време за себе си и за одење на козметичар, тоа го парктикував барем еднаш во два-три недели, а овде посетувам козметичар на 5-6 недели.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- За нега на коса ја употребувам истата козметичка линија како и за лицето, бидејќи е исклучително чиста, без никакви хемикалии, а и ми одговара.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Како и секоја жена, најмногу сакам да ги прикријам подочниците со соодветна пудра, а устата и бемката над усните се мојот заштитен знак хахаха, нив најмногу ги истакнувам.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Немам некој баш баш омилен козметички бренд. Моментално користам „Nude by nature" , „Bobbi Brown“ и „L'oreal“. Сакам да менувам брендови. 

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Огледалце, кармин, пудра, римел, црн креон и руменило. 

* Омилен парфем?

- „Yves Saint Laurent“,  "MANIFESTO" & Givenchy“, „ANGELES AND DEMONS ". 

* Како ја одржувате линијата?

- За мојата линија најзаслужна е мајка природа, хахаха. Потоа, секојдневната домашна гимнастика (чистење и средување по куќа) и периодична посета на теретана, тоа е сега за сегa.