Пред огледало со Симона Поповска: Наутро правам пилинг со кафе

Сношти имаше впечатлив настап на фестивалот „Макфест“ со песната „Остани“ од авторите Горјан Стојановски, Иван Иванов, Андреј Ивановски и Елвир Мекиќ. Атрактивната пејачка и докторка од Охрид Симона Попоска, лани имаше романтична венчавка со Кристијан, во својот роден град. Симона како наша денешна гостинка во рубриката „Пред огледало“, вели дека нејзините омилени козметички производи ја разубавуваат и на настапот на Штипскиот фестивал. 

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

-Негата на мојата кожа ми претставува задоволство и релаксација и токму поради тоа секогаш одбирам козметика која има сигурна, лесна а високо ефикасна формула, природна, со мирис кој опушта и релаксира. Токму овие карактеристики ги пронајдов во природната и органска козметика Organique. Денот го започнувам со мојата омилена линија за нега на тело, на база на кафе. Покрај утринското кафе, оваа линија ми претставува најголемо задоволство,а мирисот ми помага полесно да се расонам. Морам да нагласам дека производите од оваа линија се за слабеење и анти целулитна терапија. Денот го започнувам со пилинг масажа со  пилингот од кафе, со што ја подобрувам микроциркулацијата а кожата добива преубав мирис и сјај. По туширањето, нанесувам од серумот за тело од истата линија, кој има загревачки ефект, а со тоа помага во согорување на масните наслаги и прочистување на кожата од токсини. За крај нанесувам од путерот за тело, кој ја затегнува кожата, ја измазнува и совршено ја хидрира! Најважно од сѐ ми е што брзо се впива во кожата и не ми остава никакви траги на облеката. 

* Со какви препарати го негувате лицето?

-  Негата на лицето и телото ја сметам за подеднакво важна, како и консумацијата на здрава храна.  Затоа особено внимание обрнувам на изборот на козметика. Неодамна се вљубив во линијата за лице од Organique, на база на гоџи бобинки, која е наменета за млада кожа на која и е потребна нега за спречување на појавата на првите брчки. Наутро ја користам дневната крема, која има својства кои ја зајакнуваат и затегнуваат кожата и го стимулираат процесот на регенерација. Кремата има многу лесна формула и совршено ми одговара како подлога за пудра. Навечер, ја користам хранливата ноќна крема, која е збогатена со природен извор на витамин Ц. Терапијата ја надополнувам со кремата за очи, која содржи коифеин со што спречува појава на подочници.

* Посетувате ли козметички салони?

- Со оглед на тоа што работам како доктор во центар за естетска убавина во кој се нудат и козметички услуги , за сѐ што ми е потребно од тој аспект се грижат мојот тим .

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Многу ми е важно, мојата коса секогаш да има сјај и здрав изглед. Токму затоа секогаш гледам производите кои ги користам секојдневно да и дадат свежина и виталност на мојата коса. Моментално ја користам линијата за коса Bloom Essence, од Organique. И кај оваа линија ме освои мирисот на јапонска цреша. Шампонот кој го користам има анти ејџ ефект, го успорува процесот на стареење и совршено ја хидрира косата. Негата ја надополнувам со регенераторот за коса од истата линија, кој содржи кератин, кој ги ревитализира и најоштетените влакна и ја надокнадува природната загуба на кератин.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Па секогаш сум сакала да ги истакнам очите , јаболчниците и усните додека за прикривање не сум размислувала воопшто на тоа.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Моите омилени производи, кои до скоро ги купував од странство, сега ми станаа достапни и кај нас.   Еден од омилените производи ми е тоникот од хамамелис од Organique. Овој тоник е наменет за сите типови на кожа, а може да се користи како чистач, како освежувач на кожата, исто така и како фиксатор за шминка. Во омилени производи би ја вклучила и маската од бела каолин глина. Глината ја користам за лице и тело.  Нежно делува на кожата и ги отстранува нечистотиите, а на кожата и дава свиленкаста мекост и еластичност. 

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Камена пудра , балсам за усни , кармин и бронзер. 

* Омилен парфем?

-Имам повеќе парфеми кои би ги етикетирала како омилени. Често парфемите ги поврзувам со расположението или со годишното време. Токму и поради тоа практикувам да имам повеќе различни на мојата полица. Тука ги издвојувам парфемите: Good Life,  Anathea, Mon Success и Charme Diamonde.

* Како ја одржувате линијата?

- Сметам дека најважен фактор е здравата исхрана. Јас лично се трудам да ја надополнам со редовно и активно вежбање, редовни анти целулитни масажи и секако користење на соодветна нега за тело. Еден од моите омилени производи за тело е анти целулитната крема од линијата Dermo Expert, од Organique.

Милица Џаровска