Познат психолог советува: Како да ги заштитите вашите деца од депресија

Многу родители не обрнуваат внимание на овие „модерни“ болести, но треба

Едно од шест деца на возраст меѓу 6 и 17 години страда од ментално нарушување. Државите Јута и Орегон им овозможуваат на  ученици да одморат неколку дена за да ја излечат својата психа.

Променето однесување и лична промена, изолација, лесна нервоза и главоболка се само некои од проблемите на денешната младина.

Во 2018 година,државата Јута објавува дека секој ученик има право да отсуствува од училиште за одреден број на денови, доколку тој или таа се чувствува уморно. Следната година, Орегон го следеше нивниот пример.

„Тоа е одлична идеја затоа што депресијата и вознемиреноста се премногу чести кај овие возрасни групи“, објаснува американскиот професор и психолог Керолин Клаус.

Многу родители не обрнуваат внимание на овие „модерни“ болести, но треба. Експертите советуваат како да се справат со менталните состојби на тинејџерите дома:


Не срамете се да го посетите вашиот лекар

Дали имате медицински прашања? Не срамете се да контактирате  експерт и поставете ги вашите прашања, дури и по телефон. Постојат педијатри и психолози кои работат 24/7.


Зошто на вашето дете му треба ден за ментално здравје

Дури и ако училиштето на вашето дете не ги почитува ваквите отсуства, тоа не значи дека детето нма потреба од нив.

Постојат неколку причини зошто треба да размислите да го оставите дома:


Проблематична  врска

И возрасните и тинејџерите работат на градење врски. Понекогаш, разделбата може да биде тешка за кревката психа на детето.

"Тие можат да мислат после разделбата  дека светот е завршен и илјадници мисли минуваат низ нивните умови. Ова создава голема вознемиреност и ги деконцентрира. Ако им оставите време, тие можат подобро да се фокусираат  полесно на лекциите “, советува експертот.


Притисокот да се успее

„Притисокот да се биде одличен ученик може многу да влијае на менталното здравје на децата.

Ако не успеат, тие почнуваат да се прашуваат дали се паметни и доволно добри за да ги постигнат своите цели “, објаснува д-р Клаус, советувајќи ги родителите да не бидат премногу строги во овој поглед.


Семејна траума

Ако родителите се разведени или доколку се разведуваат, нивните деца може да бидат многу вознемирени. Експертите советуваат во овие ситуации да зборуваат отворено и да покажуваат разбирање пред децата.