Познат холивудски актер и неговата жена заболени од коронавирус

Оскаровецот, Том Хенкс откри дека тој и неговата сопругата Рита Вилсон се позитивни на новиот коронавирус.

Том Хенкс и Рита Вилсон, двајцата по 63 години, побарале медицинска помош откако почувствувале симптоми на настинка во Квинсленд, напиша актерот на Инстаграм.  Американската двојка беше на Голден Кост, каде што Хенкс работеше на филм за животот на Елвис Присли.

Сега ќе бидат во изолација.

Вчера, Светската здравствена организација (СЗО) официјално го прогласи вирусот за пандемија.

Еве што кажа тој на Инстаграм.