Полуксузно не може да биде: Еве каде Теа Таировиќ купи два стана

Добивај вести на Viber

Теа Таировиќ купи два стана...

Пејачката Теа Таировиќ во последните неколку години реди успеси. Три години по ред издава албуми, кои бројат милиони прегледи на „Јутјуб“, а за нејзините настапи секогаш се бара билет повеќе.

Заработените пари со труд решила да ги вложи и како изведувач и како текстописец и купила две нови недвижнини.

Теа Таировиќ купи уште два стана, пренесуваат српските медиуми. Теа купила стан во „Београд на води“, кој е во изградба. Предметната зграда се наоѓа веднаш до брегот на Сава и има околу 100 метри квадратни. Теа овој стан го плаќа на рати, а рокот за плаќање е до завршување на работите.

Вториот стан е на брегот на Јадранското Море во Луштица. Станот има околу 70 квадрати кој исто така го плаќа на рати.

Теа има стан во Белград во населбата Вождовацке капије, а поседува и недвижен имот во Нови Сад.

Пејачката деновиве го привршува својот албум на кој работи во Бугарија и со кој наскоро ќе ја воодушеви публиката.

Фото: Инстаграм
Извор: Story.rs