Животна училница // Приказни
Почина уште една жртва од пожарот на смртта: 24-годишниот Стојанче Стефанов им подлегна на повредите
- 17 Април, 2025 18:47

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Toj е 62-та жртва во пожарот во дискотеката на смртта ,,Пулс”. Им подлегна на повредите.
Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.