Почина Карл Лагерфилд

Германскиот дизајнер Карл Лагерфилд почина на 85-годишна возраст во болница во Париз, јавуваат светските медиуми. Креативниот директор на модната куќа Шанел го нарекуваа крал на модните недели. Работеше и за Фенди, а имаше и сопствена модна линија.

Лагерфилд беше еден од најплодните дизајнери во индустријата, препознатлив по оригиналниот имиџ, но и по комуникацијата со медиумите.

Причината за неговата смрт засега не е потврдена.