Актуелно // Жолта минута
По жешкиот настап во Дубаи, директно во златарница: Теа Таировиќ се мажи, ја избра бурмата од соништата
- 18 Април, 2025 00:36

Избраникот и пејачката Теа Таировиќ и бираа бурми
Веднаш по враќањето од Дубаи, каде имаше настап, Теа Таировиќ отиде со својот вереник во луксузна златарница во Белград на вода. Таму заедно избраа бурми, а папарацо СКАНДАЛ! го сними секој момент.
Според претходните најави, пејачката ќе го каже судбоносното „да“ на црковна венчавка, додека свадбената прослава ќе се одржи во интимна атмосфера, само за најблиските членови на семејството, во луксузен замок во Војводина.
Инаку избраникот на пејачката , Иван, е поранешен полицаец, а парот моментално живее во Вождовац, каде што ги планираат следните чекори кон заедничкиот живот.