По трет пат го налутија народот за една недела: Меган и Хари се расипници

Меган Маркл и принцот Хари ова лето неколку пати патуваа  со приватен авион. Војводата и војвотката од Сасекс се фотографирани при доаѓањето во Ница, Франција. Додека Меган го држеше во раце тримесечниот Арчи, таткото Хари се погрижи излегувањето од авионот да помине побрзо и помазно.

Ова е трет пат во осум дена како кралската двојка изнајмува приватен авион за летување. Само два дена пред да одат во Франција, тие во Велика Вританија долетаа од Шпанија. 

Авионот кој го изјнајмуваат во британските медиуми е опишан како врвот на луксузот. Од приватната компанија „Нетџетс“ тие го изнајмуваат за околу 20 илјади фунти. Поради тоа е лута британската јавност. 

„Тое многу лицемерно. Принцот не може да зборува за катастрофалните последици од климатските промени, а да изнајмува авион кој чини толку. Тие се расипници“, е само еден од коментарите. За време на еднонеделниот одмор во Шпанија, кралската двојка беше сместена во комплекс вили со поглед на море,а  ги чуваше британско и шпанско обезбедување. 

Кралското семејство одби да даде изјава колку ги чинело летувањето, и како Меган го прославила 38 роденден, токму во Шпанија. 

Фото: Профимедиа