По 25 обиди се породила на 53 години: „Верувам дека бебето го испрати мојот покоен татко од рајот“

После 25 години надеж, болка и солзи, таа конечно стана мајка

Хелен Далглиш (54) никогаш не се откажала од својот сон да роди дете. Таа вели дека сега се чувствува како да е во рајот.

„На крајот, кога ќе го добиете тоа мало чудо, заборавaте на 25-те години страдање и неуспешни ИВФ оплодувања. Погледнав надолу во мојот стомак кој стануваше сѐ поголем и поголем и си помислив: „Сонувам“? Дури и сега, гледајќи ја, не ми се верува дека сум мајка. Надреално е“, изјави Хелен Далглиш (54) од Глазгов откако ја роди ќерката Дејзи Грејс.

Таа толку многу сакала дете што не се откажала и по 21-от неуспешен обид да забремени и потрошила речиси 100.000 фунти (околу 116.000 евра).

Во своите 20-ти, Хелен се преселила од Шкотска на Кипар со тогашниот сопруг, а на 28-годишна возраст почнала да се обидува да има дете. Набрзо се вратиле во Шкотска каде оделе на различни тестови за да разберат зошто не може да забремени, но тестовите не покажале ништо конкретно, па лекарите ѝ дијагностицирале „необјаснета неплодност“.

„Прегледите во Кипар навестија дека тоа е потенцијално проблем поврзан со положбата на мојата матка, но лекарите во Шкотска не беа загрижени“, се присети таа.

И вели дека прво се обиделе четири пати со интраутерина инсеминација, каде спермата се става директно во матката, но безуспешно, а потоа преминале на ИВФ, ин витро оплодување.


По неколку залудни обиди. Хелен останала бремена три пати, но абортирала.

„До тој момент имав 42 години и едноставно не можев да ги додржам. Ќе стигнав до деветата или десетата недела од бременоста и ќе имав спонтан абортус“, продолжи таа, додавајќи дека дури и пробала со донаторски јајца клетки.

- Сфатив дека можеби единствената шанса е конечно да се согласам со употреба на донаторски јајце клетки, но и покрај тоа што создадоа 10 силни ембриони, сите исчезнаа - рече таа.

- Решив дека повеќе нема да правам ништо. Се обидов да го преболам тоа, но помислата за мајчинството постојано ми се враќаше. Потоа го пронајдов Dunya Fertility Center во Киренија, тоа беше мојата последна надеж – додаде таа.

Таа се вратила во Пафос, Кипар со сегашниот партнер и решила да се обиде уште еднаш.

- Немав намера да го направам тој последен третман. Татко ми беше тешко болен дома во Шкотска и почина. Мама рече дека треба да се обидам уште еднаш. Татко ми, пред да умре, ја прашал мајка ми: ‚Што би можел да ѝ испратам од рајот?' а таа му рекла: „Те молам, прати ѝ дете“. На крајот, тоа ми даде дополнителен поттик да се обидам повторно – изјави Хелен.

Забременила од вториот обид во кипарска клиника. Кога ги добила резултатите од тестот и потврдата дека носи дете по мејл, заплакала. Со солзи ѝ се јавила на мајка си, а таа мислела дека плаче затоа што повторно не успеала.


- Тие беа солзи на олеснување и среќа. Мислам дека татко ми сигурно имал нешто со тоа, тој ми го испрати тоа бебе - додаде таа.

За време на бременоста Хелен развила дијабетес и прееклампсија, состојба која предизвикува висок крвен притисок, но не ѝ било грижа, се што мислела е денот кога конечно ќе го види своето дете.

Таа на 53 години роди здраво девојче и конечно почувствува како е да се биде мајка.

- Кога стигнавме дома, се расплакав. Чувствував како да ме напуштаат 25-те години тага - се присети таа и нагласи колку уживала да има дете.

- Таа е мирно, опуштено и среќно бебе. Толку е драга, би вредело да чека уште 25 години за неа. Се чувствувам како да сум во рајот, бидејќи бев многу блиску до возраста кога веќе ништо не може да се направи. Сакам да им се заблагодарам на персоналот, на лекарите и на сите на клиниката – рече таа, а пренесува Мирор.


Фото: Фејсбук

Извор: мирор